Џабе толкава борба за албанскиот, Адеми од ДУИ си зборуваше на македонски

Од:

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, заборави на борбата која до пред еден месец се водеше во собранието за официјализацијата на албанскиот јазик и на јавната расправа за формирањето на Агенцијата за национална безбедност, тој се обрати на македонски јазик. Адеми ги изненади присутните кои не разбираат албански и со слушалки чекаа симултан превод. За волја на вистината, излагањето на Адеми беше кратко, но тој овој пат реши да не го искористи правото да зборува на албански.

„Ние не само како комисија и како собрание имаме можност и во други пригоди да ги наметнеме нашите согледувања во однос на новото законско решение. Сметам дека треба да им дадеме повеќе простор на присутните професионалци од областа на безбедноста, да се искажат, затоа што тие ја немаат можноста што ние ја имаме“, изјави Адеми од собраниска говорница.

Инаку, ова не е прв случај пратеници на ДУИ, да зборуваат на македонски јазик во Собранието. Претходно исто како Адеми, неговиот колега Артан Груби на пленарна седница зборуваше на македонски јазик, образложувајќи ја потребата од формирање на новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата