Четворица загинати при уривање на трговски центар во изградба во Русија

Од:

Четворица градежни работници загинаа, а уште еден е повреден кога се урнал трговски центар во изградба на околу 1.000 километри североисточно од Москва, јави Тасс денеска.

-Гредите се урнаа и четворица градежни работници загинаа, а уште еден, кој беше заглавен во урнатините, е извлечен, изјави Анатолиј Кошчеев, шеф на округот Зујевски, каде се наоѓа градилиштето.

Еднокатниот трговски центар го градел приватен инвеститор и имал одобрение и дозвола за градба.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Работиме на пет документи што треба да обезбедат мир во Украина

Москва: Договорот од самитот во Алјаска би можел да биде основа за решавање на украинскиот конфликт

Зеленски: Подготвен сум планот за мир да го ставам на референдум

Сергеј Рјабков: Русија е блиску до решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

Песков: Разговорите за Украина треба да се водат зад затворени врати

Медиуми: Русија бара измени во мировниот план на САД за Украина