„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Од:

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс би можел да најави повлекување на американките војници од Европа, објави „Билд“. Американскиот потпретседател би можел да ја искористи Минхенската безбедносна конференција за да објави значително намалување на американското воено присуство во Европа.

Вашингтон очекува Европа да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана. Кандидатот на германската опозиција за канцелар од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, исто така предвидува дека говорот на Венс на конференцијата ќе биде „конфронтациски, со исклучително остри пораки за Европа и Германија“.

Би можело да ве интересира

Уништен конвој на украинската армија во Сумската област

Сијарто: Брисел ја блокира евтината руска енергија од идеолошки причини

Орбан: Европа мора да ги укине санкциите врз руската енергија

Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Велика Британија: Европа мора да се подготви за одбрана без САД

Европа му испрати јасна порака на Трамп: Ова не е наша војна