Австралија продолжува да вакцинира со Астра Зенека

Од:

Претставници на австралиското Министерство за здравство потврдија дека земјата ќе ја продолжи програмата за имунизација против Ковид-19 со вакцината на Астра Зенека, откако еден случај на згрутчување на крвта предизвика сомнежи во нејзината безбедност.

Еден човек на 44-годишна возраст беше примен во болница во Мелбурн со тромб неколку дена откако ја примил вакцината на Астра Зенека, а австралиските регулаторни тела за здравство на состаноците вчера и денес дискутираат за понатамошните препораки за оваа вакцина.

– Регулаторните тела во моментов не советуваа да престанеме со употребата на вакцината Астра Зенека во Австралија, рече австралискиот заменик министер за здравство Мајкл Кид.

Кид исто така истакна дека случајот на згрутчување на крвта е веројатно поврзан со вакцината, но оти ризиците од сериозни несакани ефекти сè уште се многу мали.

Тој рече дека поради безбедносни причини, здравствените регулаторни тела ќе продолжат да ја следат ситуацијата и оти нивните нови препораки се очекуваат следната недела.

Можни компликации со употребата на вакцината на Астра Зенека може дополнително да ја забават веќе одложената акција за имунизација во Австралија, која најмногу се потпира на оваа вакцина.

Би можело да ве интересира

Дете пронајдено починато во автомобил во Австралија – жена и три деца се ранети

А1он

Страшен напад од ајкула пред капачите: Мажот не преживеа

Ајкула долга пет метри уби 35 годишник во Австралија

А1он

Албанезе побара од граѓаните да почнат да користат јавен превоз

Момче почина во болница, шест дена по напад од ајкула во Сиднеј

А1он

Напад во Австралија: Тројца убиени, напаѓачот е во бегство