Австралија продолжува да вакцинира со Астра Зенека

Од:

Претставници на австралиското Министерство за здравство потврдија дека земјата ќе ја продолжи програмата за имунизација против Ковид-19 со вакцината на Астра Зенека, откако еден случај на згрутчување на крвта предизвика сомнежи во нејзината безбедност.

Еден човек на 44-годишна возраст беше примен во болница во Мелбурн со тромб неколку дена откако ја примил вакцината на Астра Зенека, а австралиските регулаторни тела за здравство на состаноците вчера и денес дискутираат за понатамошните препораки за оваа вакцина.

– Регулаторните тела во моментов не советуваа да престанеме со употребата на вакцината Астра Зенека во Австралија, рече австралискиот заменик министер за здравство Мајкл Кид.

Кид исто така истакна дека случајот на згрутчување на крвта е веројатно поврзан со вакцината, но оти ризиците од сериозни несакани ефекти сè уште се многу мали.

Тој рече дека поради безбедносни причини, здравствените регулаторни тела ќе продолжат да ја следат ситуацијата и оти нивните нови препораки се очекуваат следната недела.

Можни компликации со употребата на вакцината на Астра Зенека може дополнително да ја забават веќе одложената акција за имунизација во Австралија, која најмногу се потпира на оваа вакцина.

Би можело да ве интересира

Играч на македонскиот фудбалски клуб во Австралија – „Рокдејл Илинден“ е меѓу жртвите во масакрот во Бонди

А1он

ВИДЕО: Татко и син го извршија масакрот во Сиднеј, објавена снимка од пукањето

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Сите под 16 години во Австралија останаа без социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Австралиска крајно десничарска сенаторка носеше бурка во парламентот, предизвика хаос

(ВИДЕО) Тројца загинати во авионска несреќа во Австралија

А1он

Најмалку едно лице е застрелано, а се 16 повредени во пукотница во Австралија