Амнести интернешенел“: Уапсените по пучот во Турција се малтретираат, тепаат и силуваат

Од:

Меѓународната набљудувачка група „Амнести интернешенел“ соопштува дека добила кредибилни докази за малтретирање на приведените по неуспешниот државен удар. Организацијата посочува дека има докази за приведени лица, кои биле тепани и изложувани на други видови тортура, вклучувајќи силување.

„Неопходно е турските власти да престанат со овие одвратни практики и да им овозможат на меѓународни набљудувачи да ги посетат уапсените на местата каде што се чуваат“, се вели во соопштението на Џон Далхаузен, директор на одделот на „Амнести интернешенел“ за Европа и Централна Азија.

turkey_soldiers1

Организацијата наведува дека постојат алармантни сведоштва за тортура и малтретирање на уапсените, особено во спортската сала на полициска станица во Анкара. Според информациите најмногу на удар се воените лица кои имаат високи чинови во армијата кои биле силувани, а војниците биле изгладнувани и тепани.

Turkey-The-captured-soldiers-in-a-courthouse-Istanbul

Според овие извештаи, полицијата ги држи притворените во стресни ситуации, не им обезбедува храна, вода и медицински третман. Вербално се малтретирании подложени на тепање и тортура вклучувајќи и силувања – стои во извештајот на Амнести интернешенел.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера потпиша декрет според кој се продолжуваат апсењата на некои осомничени до 30 дена, без да има покренато обвинение против нив. Според „Амнести интернешенел“, со оваа одлука се зголемува ризикот за изложување на приведените на различни мачења.

Би можело да ве интересира

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: најмалку 11 жртви и 27 повредени во сообраќајна несреќа

Катерина Ѓуровски

Турција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 годишна возраст

А1он

Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

А1он

ВИДЕО: Пукање во училиште во Турција, осуммина повредени

Катерина Ѓуровски