Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

Од:

ВЛЕН вечерва во Скопје го промовираше Централниот изборен штаб во пресрет на локалните избори кои треба да се одржат во октомври, годинава, а Аднан Азизи е избран за шеф на штабот.

– Денеска сме тука да го промовираме поставувањето на Централниот штаб на ВЛЕН. Со овој орган уште еднаш потврдуваме дека ВЛЕН се унифицира како заеднички субјект за заедничкиот настап на локалните избори наесен. За шеф на штабот на ВЛЕН е веќе избран пратеникот Аднан Азизи, изјави вечерва во Скопје претседателот на Алтернатива Зеќирија Ибраими.

Одговорајќи на новинарско прашање кога ВЛЕН ќе биде формирана како партија, Ибраими рече дека за тоа досега дискутирале неколку пати.

– Тоа е прашање што има и правни работи, има и политички, но тоа е веќе помалку важно, бидејќи е во сферата на администрацијата. ВЛЕН веќе функционира како еден заеднички субјект, рече Ибраими.

Прашан кој е лидерот на ВЛЕН, тој рече дека за тоа се уште не е дискутирано.

– Тоа се уште не е дискутирано во ВЛЕН, но во секој случај не се важни личните имиња во споредба на ВЛЕН како политички субјект, додаде Ибраими пред настанот што се одржува во Филхармонија.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари