Почнуваат подготовките за илинденскиот марш, утре е крајниот рок за пријавување
Утре истекува рокот за пријавување коњаници за учество на традиционалниот Илинденски марш, кој оваа година се одржува јубилејно по 40-ти пат, информираат од општина Аеродром.
