Тринаесет сообраќајки во скопско, пешак го загуби животот

Од:

Пешак загинал во една од вкупно 13 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две со потешки телесни повреди се здобиле пешак и велосипедист, а во пет сообраќајки полесно биле повредени пет лица. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Педесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач поминал на крстосница на црвено светло, како и 40 возачи за не користење на заштитен шлем. Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 55 непрописно паркирани возила.

Од сообраќај биле исклучени 15 нерегистрирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 70 возила.

Во рамките на сообраќајно-воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативна работилница со децата од средна и голема група во детската градинка „Весели светови“’, објект „Синоличка“, која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.

Одделението за превенција денеска ќе реализира и посебна воспитна мерка – сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски