Маж нападнат во автобус со број 67 на ЈСП „Скопје“

Од:

Четириесет и осумгодишниот Н.А.(48) од скопското село Студеничани вчера попладне бил нападнат во автобус со број 67 од контролор на ЈСП „Скопје“, З.Г.(54) од село Орешани, Скопско.

Како што соопшти МВР, Н.А. случајот синоќа во 20:30 часот го пријавил во Полициската станица Кисела Вода.

Нападот се случил во 17:30 часот во автобусот, додека сообраќал на булеварот „Борис Трајковски“.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош