Српскиот првак и актуелен победник во АБА лигата, Црвена Звезда ја продолжи победничката низа во Евролигата и во 16. коло како гостин во Каунас славеше против Жалгирис со убедлив резултат од 61-77.
Белградскиот клуб до победата дојде пред сè по добро одиграното прво полувреме. Избраниците на Дејан Радоњиќ воведните десет минути ги добија со убедливи +14 (7-21), за да веќе во втората дополнително ја зголемат позитивата на + 25 (22-47).
Литванскиот шампион во второто полувреме само малку го поправи впечатокот, но не го избегна убедливиот пораз, кој беше со конечен резултат од 61-77. Марко Симоновиќ со 16 и Бранко Лазиќ со 15 поени беа најефикасни во победничкиот табор на Црвена Звезда, додека во поразениот тим најефикасен и единствен со двоцифрен ефект беше Кевин Пангос со 10 поени.