Зошто кабриолетите не се веќе интересни за купувачите?

Од:

Чувството на слобода кога се возите по убав сончев ден, непопречениот поглед на околината и, најпосле, привлекувањето внимание од минувачите додека се возите во кабриолет, одсекогаш биле најсилните адути за моделите со отворен покриви.

Според најновото истражување кое ги опфати Европа и Северна Америка, сепак, продажбата на кабриолети е опадната за половина во однос на 2007 година.

Студијата што ја спроведе „Autofacts“ покажува дека бројот на продадени автомобили со отворен покрив на овие пазари е  намален од 827.000 во 2007 година, на 444.000 кабриолети, колку што се продадени во 2013 година.

Се смета дека една од причините за ваквото придвижување на пазарот е растот на продажбата на СУВ и кросовер возилата. Сепак, аналитичарите оценуваат дека главната причина за послабата продажба на кабриолети во Европа и Северна Америка, е пошироката достапност на моделите со големи, подвижни панорамски покривни прозорци, кои се застапени во сите автомобилски сегменти.

На овој начин, купувачите можат со помала цена во однос на кабриолетите, да добијат возило со слична намена, во кое, кога ќе посакаат, ќе можат да имаат чувство на возење со отворен покрив.

Некои производители веќе ги препознаа ваквите пазарни движења, па почнаа да укинуваат одделни модели на кабриолети.

„Фолксваген“, на пример, не го планира наследникот на моделот „Еос“, а извршниот директор на оваа групација, Мартин Винтеркорн, изави дека за целата „ФВ“ група се доволни само два кабриолета.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска