Зомимак и Бешикташ за отворање на Струшкиот ракометен турнир

Од:

Со денешниот натпревар (почеток 20:15 часот) меѓу Зомимак (Македонија) и Бешикташ (Турција) ќе биде отворен натпреварувачкиот дел на Струшкиот ракометен турнир. Ова е дуел од групата Б каде уште ќе игра и тимот на Динамо Букурешт (Романија).

Пред овој натпревар е Свеченото отворање на турнирот кое ќе почне во 19:30 часот, додека во терминот од 21:45 часот е почетокот на дуелот Сесон (Франција)– Бенфика (Португалија). Трета екипа во групата А е Замалек (Египет).

Како предигра денеска во ревијален натпревар од 18 часот ќе играа домаќинот Струга и ХЈС Работник од Битола.

Покрај денешените натпревари во групите ќе се игра и утре и во петок, додека во сабота се дуелите за пласман и финалето.

Распоред на натпреварите:
Среда 12.август
18:00 часот: Струга – ХЈС Работник (ревијален натпревар)
20:15 часот: Зомимак – Бешикташ
21:45 часот: Сесон – Бенфика

Четврток 13.август
19:00 часот: Зомимак – Динамо (Б)
20:45 часот: Сесон – Замалек

Петок 14.август
19:00 часот: Бенфика – Замалек
20:45 часот: Динамо (Б) – Бешикташ

Сабота 15.август
18:00 часот: натпревар за петто место
19:45 часот: натпревар за трето место
21:15 часот: финале.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa