Зинедин Зидан ќе биде новиот селектор на Франција

Од:

Како што стојат работите, Зинедин Зидан си најде нова работа. Иако се очекуваше дека би можел да преземе еден од големите европски клубови, легендарниот фудбалер ќе ја преземе француската репрезентација, заменувајќи го Дидие Дешан, кој ќе ја напушти оваа позиција по Светското првенство следната година.

Ова го потврди познатиот водител Жилбер Бризбоа, во неговата емисија „After Foot“, каде што објави дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ги презема „триколорите“.

„Дидие Дешан си заминува во 2026 година. За една година ќе го имаме Зидан! Каква радост! Готово е, одлучено е“, рече Бризбоа.

А, во прилог на ова е и неодамнешната изјава на сегашниот француски селектор, кој рече дека си заминува по ова Светско првенство и дека нема ништо против Зидан да го заземе неговото место.

„Поминавме многу години заедно и сè уште постои големо меѓусебно почитување. Нашата последна средба беше коректна и пријателска. Иако не се гледаме често и не сме блиски пријатели, секој од нас има свој пат, но почитта кон другиот никогаш не недостасувала. Како искусни тренери, ги цениме резултатите и напорите што ги вложил секој од нас. „Зизу“ се појави како најлогичен кандидат за позицијата, што е очекувано. Што се однесува до неговата желба да ја преземе таа улога, не знам“, рече селекторот на Франција.

Зинедин Зидан беше играч од средниот ред. Тој беше член на француската репрезентација многу години, со која го освои Светското првенство во 1998 година и Европското првенство во 2000 година. Ја заврши кариерата во финалето на Светското првенство во 2006 година во Германија против Италија, каде што беше исклучен во второто продолжение откако го удри со глава италијанскиот дефанзивец Марко Матераци во градите, но сепак ја освои Златната топка за најдобар играч на турнирот.

За време на неговата кариера, тој играше за Кан, Бордо, Јувентус и Реал Мадрид. Кога се пресели од Јувентус во Реал Мадрид за 76 милиони евра, тој стана најскапиот фудбалер во историјата. Со Реал Мадрид, тој ја освои Лигата на шампионите во 2002 година, постигнувајќи го победничкиот гол против Баер Леверкузен. Зидан е единствениот играч, заедно со Роналдо, кој три пати бил избран за најдобар играч во светот од ФИФА, а три пати бил меѓу првите тројца.

Би можело да ве интересира

Франција почна да испорачува хуманитарна помош од воздух во Газа

Уапсен поранешен агент на француската тајна служба

ВИДЕО: Франција ќе ја признае Палестина, жестока реакција од Израел и САД

Се урна украински борбен авион „Мираж 2000“ доставен од Франција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Торнадо во Франција – драматични сцени го обиколија светот

А1он

Макрон: Слободата никогаш не била толку загрозена од 1945 година како што е сега