Зидан заразен со коронавирус

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се зарази со коронавирус, соопшти прес-службата на клубот.

Во моментов нема дополнителни информации за здравјето на францускиот фудбалски стручњак.

Најверојатно, Зидан ќе го пропушти натпреварот од 20. коло во Ла Лига против Алавес, што ќе се одржи в сабота на 23 јануари. Почетокот е во 21 часот.

Во моментов, Реал Мадрид е на второто место во поредокот, со седум бода помалку од Атлетико.

Зидан по втор пат го презеде Реал Мадрид во март 2019 година. Како тренер на „кралскиот клуб“ 48-годишниот Французин ја освои Лигата на шампионите три пати, двапати шпанскиот шампионат, исто толку пати Суперкупот на Шпанија, Суперкупот на УЕФА и освојувач е на светскиот клупски шампион.

Би можело да ве интересира

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он

(ВИДЕО) Мбапе за Модриќ: Па тој има повеќе трофеи од јас што имам години!

А1он