Македонскиот боксер Фатлум Жута вечерва во полуфиналниот дуел од боксерскиот турнир на Медитеранските игри во Мерсин загуби од Хосам Абдин (Египет) и не успеа да обезбеди борба за златото.
Противникот од Египет беше подобар во сите три рунди кои ги доби на поени, а во втората рунда Жута еднаш беше и во нок-даун.
Жута како учесник во полуфиналето обезбеди бронзен медал што е прв за нашата земја на едно вакво натпреварување.