Жолтата маица ја задржа Британецот Фром

Од:

Британскиот велосипедист Кристофер Фром ја задржа првата позиција во генералниот пласман и жолтата маица наменета за лидерот на „Тур Д‘ Франс“ по вчерашната деветта етапа.

Вчера се возеше тимскиот хронометар, а победи екипата на Би-Ем-Си Рејсинг. Победничкиот тим 28-те километри ги мина за 32:15 минути. Фром ја задржа првата позиција бидејќи неговата екипа Скај го освои второто место, со само една секунда послабо време од победникот. Третото место и припадна на екипата на Мовистар, со 4 секунди послабо време од победничкиот тим.

Во генералниот пласман Фром има вкупно време од 31:34.12 час, додека на второто место е Теџај Ван Гардерен со 12 секунди заостанување зад лидерот во генералниот пласман.

Денеска на велосипедската трка „Тур Д‘ Франс“ е слободен ден.

Би можело да ве интересира

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

(ВИДЕО) Карамбол на Тур де Франс: Повредени велосипедисти лежат на патот, Брзата помош ги пренесува во болница

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски

Педерсен победи на 13.етапа на Тур де Франс