Жерновски до „Курир“: Не можат и нема да не запрат!

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски на својот ФБ профил одговори на написот на „Курир“ со наслов „Жерновски ја исполитизира и кошарката“
Жерновски напиша:

Тажно е, но очигледно е дека нема крај на оваа очајна стратегија на “Курир”. Намерно не ставија слика од вчерашниот натпревар, бидејќи ќе се видеше дека лево до мене седи координаторот на советничката група на СДСМ, а лево координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше заеднички договор, за да пратиме порака дека не сакаме да го политизираме Работнички. Сегашното раководство го врати Работнички во врвот на македонската кошарка. Класична лага и дезинформација е напишаното дека според информациите на “Курир”, под директна команда на највисоките раководни луѓе, играчите на Работнички не излегоа на терен за да го продолжат натпреварот. За крај, сакам да им порачам дека не можат и нема да не’ запрат.

„Курир“ објави стара слика од поранешни натпревари, а не вчерашната на која се гледа дека советници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ заеднички навиваат за Работнички.
Ова е сликата која ја објави „Курир“

zernovski na utakmica

А ова е вчерашната слика од натпреварот.

rab.rabotnicki

 

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

A1on

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“