Женевска премиера на „Шкода Суперб“

Од:

Третата генерација на топ лимузината на компанијата „Шкода“ е претставена е на 85-от Меѓународен саем на автомобили во Женева.

Во чешката компанија тврдат дека новиот „Суперб“, според квалитетот и соддржината, ги надмина сите досегашни модели на оваа фабрика.

Стилски инспириран од концептот на „Vision C“, новиот „Суперб“, сепак, изгледа поконзервативно отколку што во првиот миг се мислеше. Атрактивните „прекршени“ светла и стоп стветлата од концептот отстапија места на поконвенционалните светлосни групи.

Сепак, третата генеација на „Суперб“ има помодерен и поскладен дизајн од претходникот, особено кога се гледа од задниот дел на возилото.

Од „Шкода“ истакнуваат дека новиот „Суперб“  е покомфорен, попростран и полуксузен во споредба со се уште актуелниот модел и има повеќе простор за чување на багажот, бидејќи зафатнината на багажниот е зголемена за 30 литри, до 625 литри.

Во однос со претходната верзија, меѓуосовинското растојание е зголемено за 80 милиметри – распонот меѓу предната и задната осовина изнесува 2.841 милиметри, додека на предниот пропуст е пократок за 61 милиметар. Широчината во кабината, во нивото на лактите на возачот и совозачот, е зголемена за 39 милиметри, а кај патниците на задното седиште за дури 69 милиметри.

Идните сопственици на новиот „Суперб“ на располагање ќе имаат различни погодности, како што се отворање врата со помош на сензор- доволно е стопалото да се помести под задниот браник и гепекот автоматски да се отвори, што е корисно ако двете раце Ви се зафатени или кога задниот дел на возилото е премногу  извалкан.

Новиот „Суперб“ е опремен со голем број електронски системи за помош кои придонесуваат за поголема безбедност во возењето, како што е адаптивниот темпомат, систем што го предупредува возачот на опасност од судар при градско возење, систем што  автоматски го запира возилото доколку возачот од некоја причина е онеспособен…

Понудата на мотори опфаќа осум погонски агрегати. Кога станува збор за бензинците, на располагање се турбо-полнети единици со волумен од 1.4, 1.8 и 2.0 литри, со распон меѓу 125 и 280 кс.

На купувачите ќе им биде достапен и 1.6 и 2.0-литарски турбо-дезел мотор, чија сила се движи од 120 до 190 коњи.

Во „Шкода“ велат дека најекономичната верзија, дизел „Суперб ГринЛајн“, во просек ќе троши 3,7 литри на 100 километир и ќе емитува само 95 грама CO2 на километар.

Со исклучок на базата на бензинци, сите други модели покрај стандардниот мануелен во понудата опциски ќе имаат и менувач со двојно квачило, додека четири мотори ќе бидат достапи и во верзијата со погон на четири тркала, со помош на „Haldex“ квачилото од петата генерација.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска