Заздравувањето на европската економија го зголеми профитот на „Фолксваген“

Од:

Најголемиот европски производител на автомобили, групацијата „Фолксваген“, во првиот квартал од 2014 година забележала раст на профитот од 22 отсто во споредба со истиот период од 2013 година, најмногу благодарение на заздравувањето на пазарот на автомобили во Европа.

„Фолксваген“ групацијата во првите три месеци има оперативен профит од 2,9 милијарди евра, што е повеќе од 2,74 милијарди колку што прогнозираа аналитичарите во анкетите што претходно ги спроведоа специјализирани агенции.

Тоа е значително подобар резултат во споредба со првиот квартал од 2013 година, кога групацијата имаше заработувачка од 2,3 милијарди евра.

Благодарение на заздравувањето на европскиот пазар „Ауди“ и „Порше“ стигнаа до рекордни продажни резултати. Така, продажбата на „Ауди“, што во првите три месеци испорача 412.850 автомобили, порасна за 11,7 отсто во однос на истиот период од 2013 година, додека „Порше“ со 38.700 продадени возила забележа скок од 4,5 отсто на годишно ниво.

„Фолксваген“ очекува групацијата во 2014 година да има раст во продажбата и на пазарот да испорача малку над 9,7 милиони автомобили, колку што продаде ширум светот во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска