Завршува првата фаза на ЕУРО 2016

Од:

Со натпреварите од последното 3.коло во групите Е и Ф, вечер ќе биде комплетиран списокот на селекциите кои ќе играат во осминафиналето на Европското фудбалско првенство во Франција.

Во терминот од 18 часот ќе започнат натпреварите од Ф групата: Исланд – Австрија и
Унгарија – Португалија.

Унгарците без разлика на исходот против Португалија веќе обезбедија осминафинале, но од која позиција останува да се види. Останатите три селекции ќе се борат за бодовите, односно второто и евентуално третото место кои водат меѓу шеснаесетте најдобри.

Во пресрет на овие натпревари, водечка е Унгарија со 4 бодови, пред Исланд и Португалија кои имаат по 2 и Австрија која има само 1 бод.

Слична е ситуацијата и во групата Д, во која Италија со 6 бодови, е сигурен осминафиналист, додека Белгија која има 3 бода, заедно со Шведска и Република Ирска кои имаат по 1, ќе се борат за второто место во оваа конкуренција.

Во последното коло од оваа група вечерва од 21 часот, во Лил ќе играат Италија и Република Ирска, додека во Ница ќе се сретнат Шведска и Белгија.

Би можело да ве интересира

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

Пикси ќе добие отказ

Предраг Петровиќ

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ

Белорусија ќе ја пречека Швајцарија во Србија

Словенките ја исфрлија Србија, Хрватска со последниот шут до реми со Швајцарките

Германците си поигруваа, но не ја испуштија големата предност