Заврши училишната Лига Центар 2023, награди и стипендии за најдобрите тимови и ученици

Од:

Во спортската сала на ООУ „11 Октомври“ во Општина Центар, се одржа свечено затворање на Лига Центар 2023 и со финален натпревар во ракомет се одбележа крајот на училишните спортски натпревари што се реализираат од минатата година.

На настанот присуствуваа деканката на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Ленче Алексовска Величковска, директорот на Агенцијата за млади и спорт и поранешен репрезентативец во ракомет, Наумче Мојсовски, селекторот на млада фудбалска репрезентација до 17 години и поранешен фудбалер и тренер, Вујадин Станојковиќ, претставник од Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Ѓорѓи Чековски, поранешен репрезентативец и актуелен тим-менаџер на сениорската кошаркарска репрезентација и Едина Муса, кошаркарка и советничка во Општина Центар.

Општината ги награди најдобрите училишни тимови и најдобрите играчи на натпреварите во Лига Центар 2023 со пехари, медали, дипломи и парични награди, Фудбалската федерација на Северна Македонија донираше спортска опрема за наставниците по спорт во сите основни училишта во Општина Центар, а беа доделени и спортски реквизити од Федерациите и Агенцијата за млади и спорт.

Спортските игри Центар 2023 традиционално се организираат и се реализираат под покровителство на Општина Центар. Учениците се натпреваруваат во лига-систем по Бергеров модел во повеќе дисципини, односно кошарка, фудбал, ракомет, одбојка, крос, пинг-понг и во други спортски активности. Општината ги наградува наставниците со 5.000 денари, а за освоено прво, второ и трето место по спортска дисциплина се добиваат парични надоместоци од 10.000, 8.000 и 6.000 денари, додека најдобрите играчи и стрелци на натпреварите се стипендираат со 3.000 денари во период од осум месеци.

Општината дава поддршка за развој на спортот и негова промоција во разни спортски дисциплини. Покрај спортско-рекреативните содржини наменети за учениците, се доделуваат спортски стипендии за талентирани спортисти и финансиски се поддржуваат спортски клубови, спортисти поединци, спортски институции, здруженија и други организации.

Би можело да ве интересира

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно