Заврши САТЕЛИТ СКОПЈЕ 2015 во одбојка на песок

Од:

Одбојкарската двојка Косиак/Рудол од Полска триумфираше на шестиот Меѓународен турнир во одбојка на песок „САТЕЛИТ СКОПЈЕ 2015“ во машка конкуренција.

Турнирот се играше на терените на Градската плажа „Парк“ во Скопје од 19. до 23. август.

На второто место се пласираше двојката Коцилианос/Зупанис од Грција, а третото место го освои одбојкарската двојка Коекелкорен/ван Вале од Белгија.

Satelit Skopje 2015 - finale (4)

– Ми претставува големо задоволство што во Скопје и во Република Македонија за првпат се одржува одбојкарски турнир од толку висок ранг. Овој турнир годинава за првпат се најде на европската мапа за одбојка на плажа и влезе во календарот на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), како сателит турнир. Во изминативе 4 дена имавме можност да ги погледнеме настапите на најдобрите одбојкарски двојки од 20 земји во Европа, и тоа од Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Англија, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Летонија, Норвешка, Полска, Русија, Сан Марино, Србија, Швајцарија, Турција и домаќинот Македонија. Сакам да се заблагодарам на Одбојкарската федерација на Македонија за одличната организација, како и на спонзорите од Македонски телеком, Скопска пивара, Систина и секако, на Црвениот крст на Град Скопје. Се надевам дека следната година ќе имаме чест да организираме сателит турнир во одбојка на песок и во женска конкуренција, изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски на церемонијата за доделување на медалите.

Satelit Skopje 2015 - finale (6)

Меѓународниот турнир во одбојка на песок „САТЕЛИТ СКОПЈЕ 2015“ се играше пред полни трибини. Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 8.000 евра.

Градот Скопје финансиски ја поддржа организацијата на ова големо спортско случување со 800.000 денари и со логистичка поддршка од градските јавни претпријатија.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме