Со одигрувањето на натпреварите од 7.коло во двете групи комплетирана беше првата фаза од натпреварите на Светското првенство во хокеј на мраз што се одржува во Белорусија. До крајот на шампионатот остануваат да се одиграат уште натпреварите од нок – аут фазата (елиминации) од четвртфиналето до финалето.
А група: Норвешка – Канада 2:3, Данска – Словачка 3:4, Чешка -Франција 5:4 (продолжение).
Табела: Канада 18 бодови, Шведска 18, Чешка 12, Франција 11, Словачка 10, Норвешка 7, Данска 5, Италија 3.
Б група: Германија – САД 4:5, Летонија – Швајцарија 2:3 и Русија -Белорусија 2:1.
Табела: Русија 21, САД 14, Белорусија 12, Финска 11, Швајцарија 10, Летонија 9, Германија 5, Казахстан 2.
На шампионатот денеска е слободен ден, а на 22.мај (четврток) се играат четвртфиналните дуели: Канада – Финска, САД – Чешка, Русија – Франција и Шведска – Белорусија.
Најсилната група ја напуштија селекциите на Италија и Казахстан, додека од 9-16.то место пласманот е: Словачка, Швајцарија, Летонија, Норвешка, Данска, Германија, Италија.