Продолжуваат преговорите меѓу МОК и ИХФ за учество на хокеарите од НХЛ на Олимпијадата 2022

Од:

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и Светската хокеј асоцијација ИИХФ сè уште се во процес на дискусија за учеството на играчите од професионалната НХЛ-лига на Олимписките игри во Пекинг во 2022 година.

Претходно, претседателот на ИИХФ, Рене Фасел, информира дека одлуката ќе биде донесена на почетокот на оваа недела.

– МОК продолжува да биде во контакт со Меѓународната федерација за хокеј на мраз по ова прашање“, соопшти прес-службата на МОК.

Играчите од најсилната светска хокеарска лига (НХЛ) учествуваа на Олимписките игри од 1998 до 2014 година. Во 2018 година, лигата одби да ги ослободи хокеарите на турнирот.

Зимските олимписките игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Скопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година

Предраг Петровиќ

Училишен тест за Борко: Димевски подготви прашалник по најавите за тужба од суспендираниот голман

Орце Костов

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?