Кинеската хокеарска репрезентација нема да биде отстранета од Олимпијадата во Пекинг

Од:

Претседателот на Светската хокеарска федерација, Лук Тардиф, изјави дека организацијата нема да ја исклучи кинеската репрезентација од учество на олимпискиот турнир во Пекинг.

– За да се разјасни ситуацијата, ИИХФ нема да го повлече кинескиот тим од Олимписките игри, статусот на машката репрезентација како земја домаќин на олимпискиот хокеј турнир е потврден од конгресот и останува непроменет. Работиме со кинеската асоцијација за хокеј на мраз за да ја потврдиме подобноста на нивните играчи да се натпреваруваат според правилата на ИИХФ и ќе продолжиме да им помагаме да го подготват тимот за Олимписките игри, рече Тардиф.

Кина како домаќин автоматски се квалификуваше за Пекинг 2022, но квалитетот на домашниот тим (32-ри на светската ранг-листа) е далеку зад другите учесници. Досега во историјата на Олимписките игри не се случило земја-домаќин да биде отстранета од турнирот во хокеј на мраз.

Во септември, Тардиф изјави дека кинескиот тим може да биде отстранет од Игрите поради лошата подготвеност и неконкурентност.

– Гледањето тим како губи со 15:0 не е добро за никого, па ниту за Кина, изјави Тардиф за агенцијата Франс прес во септември.

Олимписките игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година. Кина е во А-групата со актуелниот светски шампион Канада, САД и Германија на машкиот турнир.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он