Започнува разврската за титулата во ракометната Лига на шампиони

Од:

Ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција, викендов ќе ја има својата завршница.
На Фајнал-фор турнирот кој се игра во Келн, Германија, денеска на програмата се полуфиналните натпревари, а утре ќе се игра и дуелот за шампионскиот трофеј.

Во првиот меч за влез во големото финале попладнево од 15 часот и 15 минути ќе играат унгарскиот претставник Вестрпем и минатогодишниот финалист германскиот Кил, кој до полуфиналето стигна со победите над Металург во четртфиналната рунда.

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров со својот тим Барселона ќе настапи во вториот полуфинален меч од 18 часот против составот на Фленсбург, кој место во големата четворка обезбеди со елиминацијата на Вардар во четвтрфиналето.

Во недела од 15 часот и 15 минути ќе се игра дуелот за третото место, а почетокот на големото финале е закажан за 18 часот.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa