Со натпреварот меѓу актуелниот шампион ЦСКА Москва и шпанската Басконија, денеска ќе започне плеј-офот во кошаркарската Евролига.
Средбата во Москва ќе се игра во терминот од 19 часот, додека еден час подоцна во Атина ќе се сретнат Панатинаикос и Фенербахче.
Утре исто така во Атина својата прва средба ќе ја играат Олимпијакос и Анадолу Ефес, додека во Мадрид кај Реал ќе гостува Дарушафака.
Четвртфиналната серија се игра во подобар од пет натпревари, и тоа по принципот 2-2-1 (дома-гости-дома), а тимовите кои ќе остварат три победи ќе се пласираат на завршниот „фајнал-фор“ турнир кој сезонава ќе се игра во Истанбул во периодот од 19 до 21 мај.