Започнува 39. Европско првенство во кошарка

Од:

Со натпреварот Чешка – Естонија денеска во 14:30 часот започнува 39. ФИБА Европско првенство во кошарка кое ќе се игра во повеќе држави.

Организацијата на ова ЕП и беше доделена на Украина но заради познатите случувања во таа држава ФИБА одлучи истото да се одржи во Загреб, Рига, Берлин и Лил. Домаќин на завршницата ќе биде Лил со мулти-функционалната сала „Стад Пјер Моро“ со капацитет од 27.000 гледачи.

Македонската репрезентација се наоѓа во групата Ц која што ќе игра во Загреб. Во група со нашата репрезентација се и фаворитите Хрватска, Словенија, Грција, Холандија и Грузија. Токму со последниве две репрезентации, Македонија ќе се бори за место кое води во следната фаза.

Македонската репрезентација на ЕП ќе настапи подмладена со само една цел, а тоа е да ја помине групната фаза. ФИБА ја рангираше Македонија на 22. Место од вкупно 24 учеснички на првенството. Сите наши противници во групата се подобро рангирани од кои најслабо котира Холандија на 21. Место. Најголеми фаворити на првенството се Шпанија, Франција и Србија, а тука се вбројуваат и Литванија, Хрватска и Турција.

Првиот противник на Македонија е Грција, мечот се игра денеска од 18:00 часот во Арена Загреб.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос