Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз

Од:

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз. За прв пат во историјата, церемонијата на отворање се одржa на отворено, со рекорден број од 45.000 полицајци за да се осигура безбедноста на учесниците.

Париз е домаќин по трет пат во историјата, по 1900 и 1924 година, придружувајќи му се на Лондон како лидер, кој исто така беше домаќин на Игрите три пати, во 1908, 1948 и 2012 година.

Организацијата на Игрите ќе чини околу девет милијарди евра. На Игрите учествуваат 10.714 спортисти, во 32 спортови, од 206 земји и територии, плус група спортисти кои ќе се натпреваруваат под знамето на МОК, како и тимот на бегалците.

Поради војната во Украина, Русија и Белорусија не учествуваат во екипните спортови.

Најбројни се Американците со 592 репрезентативци, потоа домаќинот Франција со 573, Австралијците со 460, Германците со 428, Јапонците со 403, Кина со 388, Шпанија со 383, Италија со 371, Велика Британија со 327. Единствениот спорт што „дебитира“ е брејкденсот.

Натпреварите траат до 11 август, а свеченото затворање ќе се одржи на стадионот „Франс“ во Сен Дени, предградие на Париз.

Би можело да ве интересира

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Спектакуларен крај на Игрите во Париз, Том Круз го однесе олимпиското знамето во Лос Анџелес

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Еуроспорт се извини за хрватското знаме покрај името на Ѓоковиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ прво славеше со оро, па во омилениот ресторан до рано наутро