Заборска е прва во Премиер лигата за јуниори до 21 година

Од:

Македонската каратистка Симона Заборска, е првопласирана на листата на Карате 1 Премиер лигата во 2015 година за јуниорки до 21 година со освоени 294 бода.

По Заборска следуваат Марија Еласвад од Австрија со 210 бода и Мирослава Копунова од Словачка со 174 поени.

Овој пласман на рејтинг листата е признание за напорната работа и постигнатите резултати оваа година на младата натпреварувачка на Макпетрол и надоврзување на големиот успех на Симон Антиќ во сениорска конкуренција кој стана „Големиот победник“ на Светската карате лига во категоријата до 84 килограми.

Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски задоволен од постигнатите резултати на неговиот клуб во 2015 година.

– Оваа година ќе остане запаметена по бројните медали и успеси кои ги направија каратистите од Макпетрол на сите врвни натпреварувања во сите возрасни категории. Постигнатите успеси ќе преставуваат голем мотив за нашите спортисти и во иднина да постигнуваат големи спортски успеси и признанија и со тоа достојно да ја афирмираат својата држава Македонија и клубот Макпетрол. Сите пласмани се за почит, но треба да се нагласи дека ние ова година имаме две титули од 1 Премиер карате лига. Симона Заборска е најдобра кај јуниорките додека пак Симон Антиќ ја продолжи традицијата на „Големи победници“ од клубот Макпетрол и со освојувањето на ова признание тој се придружи на своите клубски колеги кои претходно беа прогласени како најдобри, Наташа Илиевска и Жарко Арсовски, изјави Заборски.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“