Само три години по лансирањето на моделот „Хуракан“, славниот италијански производител на луксузни спортски автомобили веќе изработи 8.000 парчиња од овој суперспортски модел.
Наследникот на бестселерот на „Ламборџини“, моделот „Галардо“, е на добар пат за неколку години да го надмине засега најпродаваниот автомобил со амблемот на бик.
Во текот на десетина години, „Ламборџини“ направи и продаде повеќе од 14.000 примероци „Галард“, а ако продолжи со досегашното темпо на продажба „Хуракан“ до оваа бројка ќе стигне веќе за две до три години.,
Јубилејниот, 8.000 -ти „Хуракан“ е во веризјата „Спајдер“ со отворен покрив, обоен во „Гриџио Линокс“ нијансата на сива, а ќе му биде испорачан на еден британски купувач, велат од италијанскиот производител.
Регуларниот „Хиракан ЛП 610-4“ во купе верзијата располага со погон на сите четири тркала и 610 „коњи“.
За оние кои се наклонети да возат со помала контрола и традиционални спортски автомобили на заден погон, тука е варијантата „ЛП 580-2“ so 580 кс.
Тука се и споменатите „Спајдер“, како и силниот„Хуракан перформанте“ со 630 кс.