Последниот натпревар на Грен слемот во Лондон во сингл за мажи, ќе го суди жена за прв пат во историјата, објави на Твитер новинарот Михал Самулски.
Финалниот меч на Вимблдон 2021 е доделен на судијката Марија Чичак од Хрватска.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Италијанецот Матео Беретини ќе се сретнат во мечот за престижниот трофеј.
Натпреварот е закажан за утре со почеток во 15 часот.