За Месина, ЦСКА Москва е прв фаворит во Евролигата

Од:

Еторе Месина, еден од најпознатите европски кошаркарски тренери кој сега работи како асистент во Сан Антонио Спарс, смета дека ЦСКА Москва има најголеми шанса да ја освои Евролигата.

– Колку што ми дозволува времето ја следам Евролигата, а плејофот сигурно ќе го гледам. Според мене ЦСКА Москва е фаворит за трофејот. Се надевам дека ќе успеат да ја вратат титулата. Исто така, се надевам дека Кајл Хајнс ќе се врати наскоро. Тој е многу важен играч за ЦСКА, изјави поранешниот предводник на рускиот шампион.

ЦСКА Москва го освои првото место во лигашкиот дел од сезоната. Во плејофот во 1.коло игра со Химки. По двете средби во Москва води со 2-0 и само една победа ја дели од завршниот „фајнал фор“ турнир.

Последен пат ЦСКА Москва европски шампион беше во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска