Иако суперспортскиот „Форд ГТ“ е достапен само во осум стандардни бои, на патиштата веќе се појавија и возила во други бои и нијанси, кои првично ги немаше во каталогот.
Новиот суперспортски автомобил ГТ, „Форд“ по подолго време почна повторно да го произведува во серија ограничена на 250 возила годишно, при што производството треба да трае четири години. На тој начин, овој модел ќе може да го имаат 1.000 среќни купувачи, што го чини прилично ексклузивен.
Но, на некои од купувачите ниру тоа не им е доволно, па сакаа нивниот примерок да се разликува од другите. Еден од начините е да изберат боја по свој избор. Но, едно такво пребојување чини дополнителни 30.000 долари, објави порталот „Форд Ауторити“.
Меѓу боите кои купувачите можат да ги бираат за својот „Форд ГТ“, има и такви карактеристични за суперспортските возила од други брендови, како што е специјална нијанса на зелена, „Верде Мантис”, од палетата на „Ламборџини“.