Матеус Нунес официјално ја зголеми португалската колонија во членот на англиската Премиер лига, Вулверхемптон.
Клубот потпиша договор со него на пет години и патем го собори клупскиот рекорд плаќајќи 45 милиони евра за неговиот трансфер.
Нунес (23) доаѓа од Спортинг Лисабон, каде пристигна во 2020 година и одигра вкупно 101 натпревар, постигнувајќи осум гола, а со тимот ја освои титулата во сезоната 2020/2021.
Португалецот ќе го носи бројот 27 во новиот клуб.
Тој ќе има шанса да дебитира во сабота на мечот од третото коло во Премиер лигата со Тотенхем.
Извор: МИА