Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Од:

Фудбалерите на Вулверхемптон на свој терен го победија Манчестер Јунајтед со 2:0, во натпреварот од 18. коло на англиската Премиер лига.

Стрелци за Вулверхемптон беа Матеус Куња во 58. минута и Хванг Хи Чан во деветтата минута од судиското надополнување.

Јунајтед од 47. минута играше со играч помалку, бидејќи Бруно Фернандеш го доби вториот жолт картон.

Вулверхемптон е на 17. место со 15 бодови, а Јунајтед е на 14. позиција со 22 бода.

Во следното коло Вулверхемптон ќе му гостува на Тотенхем во Лондон, додека Јунајтед ќе го пречека Њукасл.

Би можело да ве интересира

Манчестер Јунајтед и Арсенал ремизираа на Олд Трафорд во Премиер лигата

Рубен Аморим зажале што седна на клупата на Манчестер Јунајтед?

А1он

Му здосадија пари и жени, па екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник

А1он

Маркус Рашфорд има нов клуб

А1он

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1