Втора победа на Металург во СЕХА лигата

Од:

Ракометарите на Металург ја забележаа втората победа во регионалната СЕХА лига. Тие синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ ја оправда улогата на фаворит и со убедливи 36:22 го совладаа босанскиот тим Извиѓач. Во двете полувремиња беше по 18:11.

Најефикасен ракометар кај Металург беше Никола Костески кој постигна шест гола, додека Вања Илиќ и Немања Обрадовиќ реализираа по пет, а Давор Палевски и Филип Кузмановски по четири гола.

Веќе утре Металург го очекува нов дуел и тоа против францускиот тим Монпеље во рамките од Лигата на шампионите, натпревар кој ќе се игра СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18:45 часот, додека следен противник во СЕХА лигата ќе биде градскиот ривал Вардар во мечот кој ќе се игра на 22 ноември во СЦ „Јане Сандански“.

Инаку, вчера во СЕХА лигата,  се одиграа уште две средби. Веспрем минимално со 31:30 го победи Машков Брест,  а Татран Прешов со 34:30 беше подобар од Горење.

Табела: Вардар 28 бодови, ППД Загреб 19, Веспрем 18, Мешков Брест 17, Цеље 12, Горење Велење 9, Металург 7, Нексе 7, Татран Прешов 6 и Извиѓач 0.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска