Втора победа на Куманово во БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Куманово ја забележаа втората победа во регионалната Балканска лига (БИБЛ).

Кумановци попладнево на гостувањето во Тиват го победија црногорскиот претставник Теодо со 70:74 по четвртини 22:18, 15:26, 18:16 и 15:14.

Македонскиот репрезентативец Александар Костовски со 24 поени, 8 скокови и 5 асистенции беше најзаслужен за победата на кумановскиот тим.

Вчера во оваа група се одигра средбата Рилски спортист – Пеќ која ја добија домаќините со 105:97.

Во Гевгелија во тек второто полувреме од дуелот меѓу вториот македонски претставник Кожув и водечката екипата во Б конкуренцијата, Сигал од Приштина, тим кој досега ги доби сите три одиграни средби.

Во оваа група вчера се одигра натпреварот во Бар каде составот на Морнар ја победи романската Крајова со 85:81.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос