Норвежанецот Андреас Јакобсен победи и на втората од четирите скоколници од 61.то издание на Новогодишната турнеја. Тој денеска во втортата серија на скокалницата во Гармиш-Партенкирхен имаше скок со должина од 143 метри и од деветото место од првата серија стигна до првата позиција.
Победникот освои вкупно 277,7 поени или имаше само 0,9 повеќе од второпласираниот и лидер во генералниот пласман Грегор Шриленцауер од Австрија.
Третото место ми припадна на Андреас Бардал од Норвешка.
Јакобсен триумфираше и пред два дена во Оберсдорф.
Во пласманот на Новогодишната турнеја Јакобсен има 586,3 поени, а втор е Шриленцауаер со 573,8.
Во генералниот пласман води Шриленцауер со 608 бодови.