Кошаркарите на Куманово го претрпеа и вториот пораз во регионалната БИБЛ лига, откако вечерва во рамки на 2. коло во групата А загубија на домашен терен од израелски Галил Елион со 87-96 (34-48).
Клучен период за конечниот исход се покажа првата четвртина, која израелскиот тим ја реши во своја корист со 26-13, одржувајќи ја предноста до крајот на натпреварот.
Нова шанса за дебитантски триумф во новата сезона во регионалната кошаркарска лига екипата на Куманово ќе има на 9 ноември на гостувањето кај Балкан.
Со вечерашниот триумф Галил Елион го задржа максималниот ефект и со три победи е лидер во групата.