Екипата на Карпош Соколи го доживеа и вториот пораз во кошаркарскиот ФИБА Еврокуп.
Во дуел од 2. коло на Х – групата одигран вечерва во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ екипата на Карпош Соколи е убедливо совладана од Нижиј Новгород со 67:101 по четвртини, 17-27, 13-29, 15-30 и 22-15.
Уште по првата четвртина која ја добија со десет разлика, гостите од Русија најавија дека се фаворити на овој меч, а тоа го потврдија и во продолжението, па на полувремето заминаа со предност од 26 поени (30:56). Во вториот дел гостинскиот тим само ја зголемуваше разликата па на крајот Нижиј Новгород забелеа победа со 34 поени разлика (67:101) .
Само двајца кошаркари кај „Соколите“ имаа двоцифрен број на постигнати поени.. Кирил Николовски средбата ја заврши со 13, а Америкамецот Мекфејдн постигна 12 поени.
Во вториот меч од оваа група, унгарската пресметка ја доби тимот на Фалкон, кој со 84:74 го победи Шолнок.
Токму Фалкон е слениот противник на Карпош Соколи и тоа на дуелот кој ќе се игра на 30 октомври (понеделник) во Унгарија.