Семејството Крос Кантри модели на компанијата Волво за првпат ќе биде зголемено со лимузина. На претстојниот Саем на автомобили во Детроит светска премиера ќе има Волво В60 Крос Кантри.
Волво ќе понуди лимузинска изведба на моделот од средна класа В60 во возило за сите терени.
– Сакаме истражувањето на територијата на Крос Кантри модели да ја продолжиме во потполно нов правец, изјави потпретседателот на Волво за стратегиски развој на нови модели Лех Кершемакер.
Во однос на стандардниот В60, изведбата Крос Кантри има за 65 милиметри повисока суспензија и погон на сите четири тркала.
Новото Волво се разликува од класичната лимузина по пластичните елементи на отворите за тркалата и заштитните додатоци на долните делови на браникот и праговите на вратите.
Волво В60 Крос Кантри е достапен со 18 и 19 инчни фелни, на кои се поставени гуми со висок профил за поголем конфорт во возењето и подобри теренски возни карактеристики.
Понудата на мотори е составена од два дизел и еден бензински агрегат. Основниот дизел е четирицилиндерскиот Д4 мотор заснован на нова Драјв-Е технологија со 190 коњски сила. Подоцна се очекува и 2,4 литарски петцилиндерски Д4 мотор. Единствениот бензински мотор е 2,0 литарски Т5 со пет цилиндри и 254 коњски сили.
Волво В60 Крос Кантри во продажба се очекува во летото 2015 година, кога ќе биде позната и цената.