„Волво С100“ ќе им конкурира на „Ауди“, „Мерцедес“ и „БМВ“

Од:

Шефот на кинеската компанија „Гили“, по се изгледа, не е човек кој лесно се откажува од зацртаните цели. Иако директорите на „Волво“ изјавија дека оваа компанија нема да произведува лимузина од виска класа, според најновите најави, Швеѓаните подготвуваат модел во класата на „Ауди А8“, „Мерцедес С класа“ и „БМВ серија 7“.

Иако директорите на „Волво“, Стефан Јакоби и Хакан Самуелсон изјавија дека големата лимузина не се вклопува во „зелениот“ имиџ на компанијата, „големиот шеф од Кина“ за кинеските медиуми изјави дека „Волво“, која е во сопственост на „Гили“, развива нов модел што се базира на  продолжената платформа на новата генерација „Волво С80“.

Новиот модел треба да го понесе името  „С100“.

Директорот на „Гили“, Ли Шуфу изјави дека „С100“ ќе биде поголем и полуксузен модел од новата генерација „Волво С80“ и во сосема друга категорија од актуелниот модел „С80Л“, што се произведува во Кина.

Моделот „С100“, исто така, ќе биде произведен во Кина, во фабриката во Ченгду, но во овој момент се уште не се знае дали ќе биде извезуван на други пазари.

Ли не изнесе податоци за моторите на овој модел, а тоа е токму полето на кое „Волво“ ќе се сретне со  најголемиот број предизвици.

Швеѓаните неодамна соопштија дека ќе се фокусираат на четирицилиндричните мотори и дека полека од употреба ќе ги исфрлаат моторите со пет и шест цилиндри.

Во класата во која имиџот е исклучително важен и во која автомобилите имаат мотори со шест или повеќе цилиндри, моторот со само четири цилиндри може да претставува минус, без разлика на перформансите и емисијата на издувни гасови.

„Волво“ од својата понуда веќе го исфрли В8 моторот на „Јамаха“, што беше вградуван во моделите XC90 и С80. 

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска