„Волво Концепт Купе“, како еден од најатрактивните експонати на неодамна завршениот франкфуртски авто-салон, може да влезе во ограничено сериско производство.
Како што пишува „Ауто Билд“, повикувајќи се на извор од компанијата, „Волво“ ја разгледува оваа можност охрабрен од одличниот прием на кој „Концепт Купе“ наиде на саемот во Франкфурт.
За сега нема податоци за тоа кога ќе можеме да го видиме продукцискиот модел темелен на овој концепт, но се наведува дека конечната одлука може да се донесе веќе на почетокот на 2014 година.
Доколку првите луѓе на компанијата го одобрат сериското производство, во целата приказна може да се вклучи и италијанскиот производител „Бертоне“, а на купувачите ќе им се понуди ексклузивна, ограничена серија возила.
„Волво Концепт Купе“ е замислен пред се за да ги најави промените во дизајнерскиот правец во кој компанијата ќе се движи во иднина, како и новата механичка платформа.
Возилото ќе го движи Плуг-Ин Хибрид систем што се состои од 2.0-литарски Драјв-Е бензински и електричен мотор што испраќа моќност на задната оска. Ваков погонски систем произведува околу 400 КС и 600 Нм максимален момент на вртеж.