Војдан Стојановски со Алба во „Топ 16„ на Евролигата

Од:

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски беше еден од најзаслужните за пласманот на Алба Берлин во следната фаза на кошаркарската Евролига.

Стојановски постигна 13 поени во победата на Алба против францускиот Лимож, на гостински терен, со 71:65, во натпревар од 9.коло на Д групата. Со овој триумф германскиот тим на коло до крајот на првата рунда во елитното натпреварување обезбеди пласман во „Топ 16„ фазата.

Место во втората рунда синоќа обезбедија и екипите на Уникс Казан и Лаборал.

Резултати од синоќешните средби со кои беше комплетирано 9.коло: Уникс Казан – Жалгирис 73:60, Анадолу Ефес – Нижњи Новогород 61:65, Динамо Сасари – Реал Мадрид 58:83 (група А), Олимпијакос – Црвена звезда 64:59 и Лаборал – Валенсија 93:89 (група Д).

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска