Војдан Стојановски со Алба подобри од Барселона

Од:

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски со својата екипа Алба Берлин славеа победа против Барселона во кошаркарската Евролига.

На средбата од 1.коло од „Топ 16“ фазата одиграна синоќа во Берлин, Алба ја победи Барселона со 80:70. Нашиот репрезентативец Војдан Стојановски за неполни 14 минути минати на теренот имаше учинок од 4 поени, 2 скокови и една асистенција.
Ова беше дуел од групата Е во кој синоќа се одигра и средбата во Белград, во кој Реал Мадрид беше подобар од Црвена звезда со 79:72.

Претходно во оваа група беа одиграни два натпревари во кои домашните тимови славеа победи и тоа, Галатасарај со 78:69 го победи Жалгирис, а Панатинаикос беше подобар од актуелниот европски шампион Макаби со 83:76.

Во групата Ф синоќа беа одиграни сите четири средби, на кои славеа гостинските тимови: Фенербахче – ЦСКА Москва 81-84 (по продолжение), Армани Милано – Нижниј Новгород 59:79, Лаборал – Анадолу Ефес 67:72 и Уникаха – Олимпијакос 61:69.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос