Војдан Стојановски ќе игра во најсилната европска лига

Од:

Лидерот на националната кошаркарска селекција Војдан Стојановски во иднина наместо во германскиот првак Алба од Берлин ќе игра во шпанската лига, потврди репрезентативецот во изјава за МИА.

Откако на последниот меч не беше во составот на Алба, Стојановски кариерата ќе ја продолжи во екипата Морабанк Андора, екипа која што се натпреварува во најсилната шпанска лига и се надева дека со македонскиот репрезентативец ќе избори опстанок.

Стојановски вели дека се се случило многу брзо, оти шпанската екипа понудила соодветни услови и одлуката ја донесол за неколку дена.

„Во Алба минав одлични 18 месеци, но дојде време да се оди напред. Шпанската лига е најсилна во Европа и предизвик ми е да играм со најдобрите европски и играчи кои што доаѓаат од НБА“, вели Стојановски за МИА.

Војдан во последниве неколку месеци играше пред се во Евролигата и немаше соодветен третман од тренерот на Алба, Саша Обрадовиќ со кого дојде од Украинскиот Черкаси.

Стојановски не добиваше соодветна минутажа иако во неколку наврати токму со неговите кошеви и асистенции германскиот првак сезонава доаѓаше до победа.
Стојановски во двете сезони во германската лига имаше речиси 9 поени на натпревар во просек.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос