ЦСКА Москва и Фенербахче поведоа со 1:0 во победи во дуелите со Црвена Ѕвезда и Реал Мадрид во разигрувањето на кошаркарската Евролига.
Во првиот меч од четвртфиналната серија, која ќе се игра до три добиени натпревари, тимот на ЦСКА до предност од 1-0 против Црвена Ѕвезда стигна по победата со 84:74 на дуелот одигран во Москва.
Водство од 1-0 синоќа оствари и Фенербахче кој ја искористи предноста на домашниот терен и во Истанбул го победи актуелниот бранител на трофејот Реал Мадрид со 75:69.
Вторите натпревари меѓу овие тимови ќе се играат утре, повторно во Москва и Истанбул по што серијата ќе се пресели во Белград и Мадрид.
Вечерва на програмата се преостанатите два четвртфинални дуели во кои, Лаборал ја пречекува екипата на Панатинаикос, а во Кубан кај Локомотив гостува Барселона.