Во САД најмногу се краде моделот „Хонда Акорд“

Од:

Сопствениците на старите „Хонди Акорд“ во САД треба да  бидат посебно загрижени затоа што овој модел бил најинтересен за крадците во оваа земја во текот на 2013 година.

Во овој период, украдени се 53.995 „Акорди“, а главно станува збор за  возила произведени во 1997 година и претходно.

На второ место според бројот на исчезнати возила, исто така, е еден модел на „Хонда“.  Крадците во 2013 година украле вкупно 45.001 примероци од „Хонда Сивик“.

Третото место на листата најчесто крадени автомобили во САД го зазедоа пик-ап моделите на „Шевролет“. Во текот на 2013 година биле отуѓени 27.809 вакви возила.

Половината од сите украдени автомобили ја сочинуваат возилата на странски производители.

Цел на крадците главно се моделите со постари години на производство, а меѓу новите модели, од 2013 година, најмногу се крадела „Нисан Алтима“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска